Архитекти, инженери и научници од Египет, Канада, Франција и Јапонија најавија дека дополнително ќе ги истражуваат пирамидите во Гиза, вклучувајќи пребарување на останати скриени одаи, патеки и фараонски споменици.
За таа цел, тие ќе користат „инфраред“ осветлување и напредни детектори за да ги мапираат двете пирамиди во Гиза и двете пирамиди во Dashur во северниот дел на Каиро.
Употребата на современата технологија нема да ги уништи спомениците и истовремено ќе овозможи подобро да се разбере како египетските мегаструктури се изградени и како функционираат.
Сличен проект за откривање на големата мистерија на пирамидите беше направен пред 30 години, меѓутоа истражувањето потпомогнато со најновата технологија се очекува да резултира со многу поголем успех.