По повеќе од една деценија, Египет се врати на планот за изградба на највисоката зграда на континентот. Лоцирана на брегот на Нил во централниот дел на Каиро, објектот е проектиран од покојната легенда на архитектурата Заха Хадид уште во 2007 година. Претседателот и Владата на земјата се со сериозна заложба објектот под името Nile Tower со околу 70 ката, конечно да осамне на хоризонтот. Пружајќи поглед кон Каиро, реката Нил, но и пирамидите, проектот ќе биде симбол на просперитетот и развојот на Египет. Буџетот кој е на располагање за оваа инвестиција е 600 милиони УСД. Објектот ќе содржи луксузни апартмани, спа центри, ноќни клубови, шопинг центар и хотел.