Насловна / Архитектура / Египет: Токму како и што доликува на кралевската крв

Египет: Токму како и што доликува на кралевската крв

„Златна парада на фараноте“

Прекрасно, магично, безвременско, помпезно, спектакуларно, токму како и што доликува на кралевската крв, се епитетите кои го одбележаа последното патување, секако непланирано од самите кралски мумии, до нивното последно почивалиште, новиот Национален музеј на египетската цивилизација кој се наоѓа во областа Футстат во стариот дел на Каиро.

00

Со церемонија, вистински раскошен спектакл, каков им припаѓа само на фараони од Секененре Тао Втори преку величина како Рамзес Втори, 22 мумии – 18 кралеви и четири кралици на 4. април беа транспортирани од неокласичниот Музеј на Египет до новото почивалиште. Процесијата тргна од стариот мизеј на плоштадот Тхрир, мумии мистично се движеа по улиците на Каиро, а ова величествено доживување, го остави цел свет во молк.

2

5

Како шлаг на тортата беше процесијата на мумијата на единствената жена кралица, кралицата од новото царство Хатшепсут, крунисана со сите почести како кралевите, иако во тоа време обичаите не им дозволувале на жените да станат фараони. Овие мумии беа откриени во Луксор, во долината на кралевите и кралиците во 1881 година, а беа пренесени во музејет на Египет во Каиро, кој што беше изграден во 1918 година.

6

Египѓаните не се познати по спектакуларни организации, меѓутоа, овој пат навистина неочекувано, се случија извонредни величенствени сцени. Горда сум што со децении живеам во земја која со величенствената парада го остави светот занемен од воодушевување. Монументално и екстравагантно, илјадници волонтери, навистина волонтери, учествуваа заедно со воените сили на Египет во „Златната парада на фараноте“. Мумиите на владетелите беа пренесени со голема помпа, според хронолошки редослед на нивното владеење, од владетелот на 17-та египетска династија, Секененре Тао Втори, до Рамзес Деветти, кој владеел во 12 век п.н.е. Секоја мумија беше пренесена во украсено возило, стилизирано во духот на Стар Египет.

3

Парадата по улиците на Каиро беше во прекрасна организација, 400 камери, снимки од дронови, прекрасни фустани, музика. Дури и мирисот на градот се промени, а атмосферата неверојатна, не врати во времето, илјадници годдини пред нашата ера, во друг свет, друга цивилизација.

12

Овој светски историски настан, покрај тоа што беше сведоштво на гордоста на Египет, претставуваше и обединување на целиот народ. Верувајте, никогаш во овие 27 години колку што живеам во Египет, не сум видела толку многу позитивни коментари на социјалните мрежи, за тоа колку се египќаните горди на себе и на организацијата која навистина беше на светско ниво, а направена од самите египќани,

7

Кралевите и кралиите го најдоа својот нов дом во Национален музеј на египетската цивилизација, каде се изложени одделно, секој до саркофаг, а во некои случаи и статуа, во опкружување кое потсетува на подземни кралски гробници. Музејот е основан во 2017 година, модерно опремен и има неколку поголеми сали. Опфаќа повеќе од 138 илјади квадтратни метри, околу 65 000 предмети се наоѓаат во сегашната постојна изложба, додека бројни артефакти се чуваат во депото.

8 (1)

4

Поставката е сеуште во срцето на Каиро, во Музејот на Египет на плоштадот Тахрир, да се потсетиме местото каде се одржа египетската револуција во 2011 година.

Објектот на египетскиот музеј во британски колонијален стил, се уште ќе биде посветен на древниот Египет, меѓутоа со поинаква поставка.

1

Големиот египетски музеј

Во месеците кои следуваат Египет би требало да отвори уште еден музеј, Големиот египетски музеј, недалеку од пирамидите во Гиза.

Да се креира, создаде, осмисли изгради една од најмонументалните градби на денешницата, грандиозниот музејот во Гиза, покрај едно од најстарите антички светски чуда, секако е значајна привилегија дадена на малкумина од боговите, нo и огромна одговорност и страв, што претпоставувам, секој архитект чувствува во себе. Дури и најголемите светски архитектонски имиња посветија многу месеци на работа во осмислување на филозофската, идеолошката, културолошката и историска приказна, која би ги поврзала музејот и пирамидите во Гиза. Раѓањето на идејата за местото каде би се наоѓал овој музеј во Гиза, започна во 2002 година. Најанпред со одбирање на локацијата, па се до денес, до планираното годинешно отворање на грандиозниот музеј.

0

Во 2002 година исто така се распиша и конкурс под покровителство на УНЕСКО. На интернационалниот архитектонски натпревар беа поканети не само најпознатите светски архитектонски имиња, кои заедно со своите проект и огромни проектански бироа, сигурно ќе донесеа и многу пари, туку беше одлучено да бидат поканети и сите архитекти во светот кој што ќе покажат желба за учество.

8. 2227 архитекти од 103 земји учествуваа на конкурсот, а пораката на организациониот одбор до архитектите беше: „Сите архитекти во светот сонуваат да дадат придонес не само како градба, музеј, туку да дадат придонес на објект кој ќе биде и вечен дом на фараони. Дом на артефакти на една од најголемите светски цивилизации –  Стар Египет. Овој музеј не е само ваша творба, иднина, туку и гордост на египетскиот народ и целиот Египет“. Уште едно бреме повеќе за архитектите, а египќаните уживаат да ви го загорчуваат животот со очекувања, а тие, денешните египќани, не се ни сенка од оние вечни египќани, кои се планира да бидат жители на новиот грандиозен музеј.

9

Во процесот на конкурсот се видоа многу различни идеи, многу различни стилови, голем дијапазон на спротивности во стиловите. Конкурсот покажа дека илјадници архитекти, имаат многу спротивни визии, замисли, соништата и сфаќања во потрага по перфектен и совршен проект. Ова создаде не само повеќегодишни дискусии, расправии, туку дури и раздор помеѓу архитектите низ целиот свет во нивните филозофски приоди, симболика, концепт, порака, културолошка и историска поврзаност, еколошка и футуристичка исплатливост. Но, овие дискусии, секако придонесоа за конечниот избор и важноста на овој грандиозен проект. Доктор Валиф Абдуменав, египетски архитектонски стручњак, кој сите овие години беше постојано во процесот, изјавува: „Ние архитектите веруваме дека од спротивставеностите или спротивни агли на гледање, може да се види појасно и дека секогаш постојат два екстрема во еден концепт“.

11

Архитектурата како и секој вид уметност е секогаш дискутабилна, непостои апсолутен факт, архитектите често и не се сложуваат помеѓу себе. Според Грим дизајнот не е продукт на филозофиите, дизајнот е сечиј бизнис. Организациониот одбор и жирито за да го скратат процесот ги селектираа и ги групираа по групи сличните идеи и концепти, приготвувајќи статистичка анализа. Една од главните дебати во архитектонските кругови беше и имиџот на грандиозниот музеј на Египет, како и колку монументална треба да биде референцета на дизајнот. Примерте беа разни од контејнер до монументална икона, преку дилемата дека архитектурата на музејот не треба да му конкурира на богатството и наследството кое ќе биде изложено внатре. Во 2002 година, тогашниот египетски претседател Хосни Мубарак го постави камен темелникот на овој грандиозен проект под покровителство на УНЕСКО. Проект со кој победи едноставноста и функционалноста, според идејата на ирското проектантско биро Heneghan Peng Architects, ја обликуваше градбата во форма на визуелни плочки на пирамидите и изостерни агли.

mak

Едногласна беше одлуката на жирито, победата и 250 илјади долари награда да им припадне на Heneghan Peng Architects. Грандиозниот музеј на Египет е лоциран помеѓу двете платоа на Гиза и Каиро. Топографијата на локацијата дефинирана е со 50 метра разлика во нивоата, која ја создава реката Нил, која ја разделува и раздробува пустината и се влева во Средоземното море, геолошка состојба која датира од пред три илјади години пр.н.е. Проектот ги користи различните нивоа за да конструира нов раб на платото, подлога дефинирана како проѕирна марама, превез од транссветлечки камења што се трансформираат од ден во ноќ. 24 илјади метри квадрати е површината за постојани изложби, посветени на египтологијата, големина како четири фудбалски игралишта, детски музеј, конференциска сала, едукативни објекти, конзерваторски и  лабораторски центар, огромни дворови распослани по локација од 500 илјади квадратни метри. Цената на целиот проект го надмина планираниот буџет и  до сега изнесува една милијарда долари, пари кои се дел обезбедени како заем од Јапонската банка за меѓународна соработка, египетската Влада, а дел се од донации и меѓународни организации.

10

Овој проект од национална египетска важност, кој е и гордоста на Египет, беше предаден од архитектите кон крајот на август 2008 година. Проектантскиот  тим достави над 5.000 цртежи до египетското Министерство за култура. По ова, тендерот за изградба беше објавен во октомври 2008, а истата година беа почнати и ископувањата.

Во 2012 година беа избрани изведувачите на објектот, белгиската компанија Besix и египетскиот Orascom. Во 2015 година туризмот во Египет изнесуваше вкупно 11,14 проценти од целиот БДП, се намали во 2019 година, за да во 2020 се знае поради ковидот, една комплетна нула или еден процент. 10 проценти од работничката сила директно е инволвирана во туризмот во Египет, а со изградбата на овој музеј се очекуваат 200 илјади нови работни места.

Автор: Офелиа ГАЏЕВСКА САДЕК

(специјално за Порта 3 од Каиро)

Испрати коментар

Scroll To Top