Египетските власти потпишаа историски договор со претставниците на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кој ќе им овозможи изградба на нов град за неверојатни 35 милијарди долари. Имено, градот Рес – ел – Хекма ќе се гради на северозападниот брег на државата и ќе биде нов деловен и туристички центар на Египет. Проектот западно од Александрија ќе го реализираат компании кои се во сопстваност на владата во Абу Даби. Непосредните директни странски инвестиции ќе му помогнат на Египет да ја надмине моменталанта криза на валутата, вели премиерот на Египет.
Проектот з ановиот град опфаќа резиденцијални квартови, престижни интернационални хотели, туристички населби, простори за забава и услужни објекти, како и централен деловен кварт кој ќе привлекува глобални компании. Проектот предвидува и голема марина за туристички јахти и бродови, и се очекува градот да привлече осум милиони туристи во Египет. Во склоп на овој договор, Египет и ОАЕ ќе соработуваат и во развој на нов меѓународен аеродром, јужно од градот. Договорот предвидува Египет да добие 24 милијарди долари во две рати, а во меѓувреме ОАЕ ќе се откаже од своите 11 милијарди долари депозит во Централната банка на Египет. Тој чекор ќе го намали надворешниот долг на државата, вели премиерот на Египет.