Насловна / Вести / Египет: Огромен дрвен брод стар 4600 години, пренесен во еден дел до новиот музеј

Египет: Огромен дрвен брод стар 4600 години, пренесен во еден дел до новиот музеј

Бродот на фараонот Куфу, најстариот и најголемиот дрвен брод откриен во Египет, е релоциран од неговиот „дом“ во близина на пирамидите во Гиза, во новиот Grand Egyptian Museum (GEM) оддалечен 7,5 кимолетри. Овој брод стар 4600 години, е долг 42 метри и тежи 20 тони. Тој бил внимателно преместен во едно парче, заштитен во метален кафез и транспортиран со далечински управувано возило, специјално донесено од Белгија за оваа операција. „Целта на овој транспорт е заштита и зачувување на најголемиот и најстариот артефакт изработен од дрво во историјата на човештвото“, рекол министерот за туризам и антиквитети во својата изјава за Reuters. За реализација на овој транспорт биле потребни 48 часа. Но, овој брод не бил наменет за пловење. Тој му припаѓал на фараонот Куфу, владетел од четвртата династија на монарси кои владееле во 26-тиот век п.н.е. Во стариот Египет, фараоните граделе вакви бродови кои имале ритуален карактер. Имено, тие во задгробниот живот требало да ги превезат фараоните до богот Ра. За таа цел, бродовите биле закопувани заедно со фараоните, и тоа во близина на самите комори за погребување. Конкретниот брод бил откриен во 1954 година, а сега ќе биде изложен во Grand Egyptian Museum, кој ќе ги отвори вратите за посетители подоцна оваа година, по 17 години изградба. Кога ќе биде отворен, со своите над 100.000 артефакти ќе биде најголем археолошки музеј на светот.

kufu1

kufu2

kufu3

kufu4

kufu5

 

Испрати коментар

Scroll To Top