Египет и Русија конечно ги завршија преговорите за изградба на нуклеарната централа El-Dabaa со руска технологија, а египетската влада веќе ја спроведува завршната контрола на усогласеноста на договорот со законодавството.
Реализацијата на проектот би требало да почне во најскоро време, а планираниот рок за комплетирање на проектот е 12 години. Двете земји уште во ноември 2015 потпишаа билатерален договор за изградба на нуклеарна централа на брегот на Средоземно Море. Централата ќе има четири реактори (VVER-1200) со поединечна моќност од 1200 MW (вкупно 4800 MW).