Насловна / Вести / Ефтино решение за откривање олово во водата за пиење

Ефтино решение за откривање олово во водата за пиење

Истражувачите од University of Houston открија ефтино решение за детектирање на опасни концентрации на олово во водата за пиење.

Според истражувачкиот тим, потребен е само смартфон и ефтини леќи, за да се спаси нечие здравје. Како резултат на оловото во инсталациите, водата се загадува со олово некогаш и во опасни контентрации. Веќе подолг период со ваков проблем се соочуваат жителите на Флинт во Мичиген, САД. Концентрациите на олово во водата за пиење во ова место се сериозна опасност за 100.000 жители. Дури и Илон Маск се обидуваше да развие решение за обезбедување чиста вода за пиење.

Властите започнале со опсежен и сериозен проект за обезбедување на чиста вода во Флинт уште во 2017 година. Се очекува завршница на проблемот во 2020. Дотогаш, научниците нудат можност зa брза и проста проверка на водата од страна на секој поединец, преку едноставен микроскоп поставен на смартфонот и соодветна апликација. Тие тврдат дека на овој начин може да се откријат концентрации на олово дури и под граничната дозволена вредност пропишана од страна на EPA (Environmental Protection Agency)

Lead_water1

lead_water2

Испрати коментар

Scroll To Top