Архитектот Силвио Стефани, во соработка со производителот на мебел Minacciolo, го проектирал овој несекојдневен ентериер на пентхаус во Милано, кој го краси, пред сè, индустрискиот дизајн во потемни тонови. Сепак, она што го прави овој ентериер различен се двата џиновски самостојни аспиратори Mammut, исто така произведени од италијанската компанија Manacciolo.
Аспираторите Mammut се направени во верзијата за закачување на ѕид или на плафон, а овде е применет третиот и највпечатлив модел: самостоечки. Овој аспиратор слободно стои на подот, додека механизмот овозможува да се постави точно пред шпоретот. За ефектот да биде уште подобар, а бидејќи има доволно простор во овој стан, поставени се два такви аспиратори кои со својата графитна црна боја и висина од над два метри делуваат како два роботи кои сами го подготвуваат ручекот.
Mammut аспираторите не се фиксираат на подот, туку можат слободно да се движат. Во усисникот се поставува флексибилно црево, кое шета заедно со „роботот“.
Остатокот од ентериерот не е ништо помалку импресивен. Црна метална конструкција, богати светлосни тела во облик на шерпи, мебел од дабово дрво, цементен под, црни тапети со сиви дезени: сето тоа се деталите што го прават овој милански пентхаус впечатлив.