Само осум километри од Валенсија, во едно мало место со име Picanya, сместен е овој исклучително симпатичен ресторан Albabel. Ова е семеен проект, чиј гастро концепт се базира на фузија на медитерански и андалузиски вкусови кои се служат во многу сличен стилски ентериер чиј дизајн е потпишан од страна на креативното студио Masquespacio.
Овој вибрантен и ефектен простор е нагласен и инспириран од шпански елементи и детали, но на еден софистициран и елегантен начин.
Експлозијата од бои тука е главниот водечки принцип, која потоа суптилно е „избалансирана“ со дрвени столици и детали на споменатите материјали. Неизоставни се и билните декорации кои уште повеќе го красат овој шармантен простор.