Насловна / Дневни Вести / Кинеска Сончева долина

Кинеска Сончева долина

solar-valleydezhou-architecture-solar1.jpgМинатата година Кина инвестираше речиси 34 милијарди долари во соларни панели, ветерни турбини и други алтернативни енергетски технологии, што е речиси двојно повеќе отколко САД, каде што трошоците нагло паднаа. Во интерниот декемвриски извештај за економските перспективи на градот Дежоу, главно седиште на таканаречената Сончева долина, градоначалничката Ву Куијун најави дека градот мора „да ја искористи сета своја сила за да ја поддржи компанијата за опрема за соларна енергија Хуанг. Таа се заложи за  „сестрани преференции во политиката, земјиштето, капиталот и другите области за да ја направи компанијата светска класа“.

 

Градежниот комитет на Дежоу го прави својот дел од работите: Се бара сите нови градби да бидат опремени со греачи за топла вода со сончева енергија произведени од компанијата Хуанг. Повеќе од 80 проценти од зградите во градот сега имаат такви греачи. Истото се прави и во мавзолејот – пекиншкото живеалиште на балсамираното тело на Мао Цетунг. И мавзолејот е клиент на компанијата Хуанг.

kina-solar-valley-project.jpg
Хуанг, основачот на компанијата со истото име, кој е член на парламентот на Кина, најнапред почна да ги изработува соларните греачи за вода во почетокот на 1990-та година по раѓањето на неговата ќерка, што, како што вели го натерало да размислува за околината. Во  тоа време, тој работел во научно-истражувачкиот институт за нафта и „се чувствувал виновен“. Подоцна тој го напуштил институтот и формирал своја сопствена компанија. Тој вели дека сфатил оти од чистата енергија ќе има полза само ако се има профит од неа. „Ако тој проект не прави пари, експериментот ќе биде голем неуспех“, вели Хуанг.

 

Неговите производи за греење, кои користат вакуум-цевки за да ја апсорбираат сончевата светлина, беше позитивно оценет,  особено од преселените земјоделци кои порано воопшто немале топла вода.


„Ние одевме на спиење покриени со прашина“ вели Ванг Фенг, поранешна селанка која што сега живее во стан во станбен блок од шест ката. Наместо да одат во комуналната бања два пати месечно, таа и нејзиното семејство денес се тушираат со топла вода три пати неделно.
„Тоа е реално“, вели Чил Бунстра, холандски архитект кој го води Меѓународниот конгрес на соларни градови, група на научници и високи чиновници кои се шампиони во low-carbon живеење. Тој вели дека Дежоу „ќе биде нов центар на гравитација за обновливи технологии“.
Импресионирани се и во компанијата Голдман & Сач (Goldman Sachs), која заедно со компанијата CDH Investments, со седиште во Пекинг, инвестираа 100 милиони долари во компанијата на Хуанг.


Иако е јасно дека ќе се направат пари со новата енергетска технологија, постојат и скептици меѓу некои експерти, за нејзините ефекти врз околината. Ванг Јанџија, професор во Институтот за енергија, човекова околина и економија при универзитетот Цингуа вели дека производството на соларна опрема ќе solar-valleydezhou-architecture-solar.jpgим помогне на локалните економии, но нема да ја сопре или дури да ја потисне увереноста на Кина во поглед на фосилните горива богати со јаглен.
Кина се стреми до 2020 година да добива 15 проценти од потребната енергија од обновливи извори, вклучувајќи хидроцентрали, што е девет проценти повеќе од сега. Но зголемената потрошувачка на јаглен со кој се произведува околу две третини од електричеството во Кина, ќе ја „уништи“ било која полза.
 Дежоу отиде много повеќе напред од мнозинството кинески градови во поглед на соларната енергија. Но тој се уште најголем дел од својата електрична енергија ја добива од термоцентрали на јаглен. Улогата на јагленот веројатно ќе се зголемува, дури и ако економијата на Дежоу која лани порасне за 12 проценти, почне да галопира.


Хуанг призна дека засега сончевата енергија е „капка во море“, но вели дека Дежоу го нуди моделот на иднината. „Мене ми се допаѓаат големи планови“, вели тој.
( Washington post)
chinavelley.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top