Со загадување десет пати повеќе од препорачаните нивоа, Македонија е најзагадената земја во Европа, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објави Еуроњуз.
“Густиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот и сè повеќе луѓе бараат лекарска помош“, објави „Еуроњуз“.
Телевизиската мрежа додава дела Владата презела амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50 отсто во рок од две години.