Насловна / Арт и дизајн / Едвард Мунк, храброста да ги надмине сопствените стравови го дефинира неговото дело

Едвард Мунк, храброста да ги надмине сопствените стравови го дефинира неговото дело

Измачен од депресија и алкохолизам, Едвард Мунк ги избрал најтемните патишта на животот за да ги направи центар на својата уметност и да ги наслика скриените и болни страни на човечката душа.

4

Анксиозност

Норвешкиот сликар, според некои претходник на експресионизмот, според други типичен претставник на овој сликарски правец, Едвард Мунк, е роден на 12. декември 1863. година во Лотен, Норвешка. Како сликар, брзо е препознаен како иноватор во Германија и Централна Европа. Неговите подоцнежни дела привлекле најголемо внимание и инспирирале многу уметници.

1

3

Болна девојка

Многу стереотипи се појавиле околу Мунк, и иако повеќето од нив се точни, она што навистина ја дефинирало големината на неговото дело е неговата храброст да ги надмине сопствените стравови и наследството што го оставил во историјата на уметноста со огромно и бесценето дело. На крајот од својот живот, норвешкиот уметник напишал: „Во мојата уметност се обидов да го објаснам животот и неговиот смисол, исто така се обидов да им помогнам на другите да го разберат сопствениот живот“.

6

Црвено и бело

Детството на Мунк го обележале две прерани смрти: смртта на неговата мајка и сестра Јоана Софија. Овие тажни настани го дефинирале неговото дело и го претвориле во израз на болка и искуство на смрт, осаменост, мака и неизбежно, староста, теми кои ќе се повторуваат во неговото творештво. Сликите како „Болна девојка“, „Смрт во соба“ и „Мртва мајка со мало девојче“ се опсесивни повторувања кои го покажуваат силното влијание што загубата на мајка и сестра го направиле врз уметникот.

0

Смрт во соба

9

Работници одат накај дома

За време на неговиот престој во Париз во 1885. година, Мунк стапил во контакт со најнапредните сликарски движења во тоа време предводени од уметници како Пол Гоген и Тулуз Лотрек. Познавањето на другите уметници го натерало Мунк не само да ја замислува уметноста на поинаков начин, туку почнал да ги дефинира карактеристиките што ќе ја обележат неговата идна работа: шематски изрази и симболична употреба на боите. Но, од друга страна, боемскиот живот на Париз го одвел Мунк во алкохолизам и неврози поради неговата љубов со Емили Таулов.

8

Дама од море

Мунк во 1892. година се преселил во Берлин, а во есента 1893. година го насликал она што можеби стана негово најпознато дело „Врисок“, чиј главен лик е инспириран од перуанска мумија која уметникот еднаш ја видел во Париз. Мунк направил четири верзии на „Врисок“: оригиналот од 1893. година, изложен во Националната галерија во Осло; втората верзија во музејот Мунк во Осло, која беше украдена во 2004 година и реставрирана во 2006 година; третата припаѓа на истата институција, а четвртата е во приватна колекција.

2

Врисок

Според Јулија Бартрум, реставратор во Британскиот музеј, сликата јасно покажува дека главниот лик на делото е личноста што го слуша крикот, а не личноста што вреска. Сликата ги отсликува чувствата на сликарот кога ја видел природата црвена од оган на брегот на норвешки фјорд.

10

Рулет во Монте Карло

Повеќе од веројатната биполарност на Мунк – што го одвела во психијатриска болница – прекумерната страст кон жените, бурните врски и опсесивно-психотичната желба за автопортрети направиле многу автори да го споредуваат со Ван Гог. Приближно педесетте автопортрети што ги насликал во текот на својот живот се чини дека ја нагласуваат потребата да има доказ за сопственото постоење што постојано ја гледа неговата слика заробена на платно или на фотографија.

7

Портрет со шише вино

Исто така, сметал дека жените му го одвлекуваат вниманието од мисијата што треба да ја изврши како уметник. Но, богатата наследничка Тула Ларсен станала опседната со норвешкиот уметник, па така не и било грижа што тој е хроничен алкохоличар, депресивен или банкрот; Тула сакала да се омажи за него, па дури и се понудила да му помогне финансиски. На почетокот Мунк дозволил да биде сакан, но малку по малку се оддалечил од неа и нејзиното присуство толку многу го опседнувало што доброволно заминал во санаториум за да се ослободи од неа.

Бурните односи завршиле прво со брак, а потоа и со развод.

5

Љубов и болка

Муинк продолжува да слика и се враќа во Норвешка во 1909. година, каде индустријалецот Мајер купува дел од неговите слики. За време на нацистичката власт во Германија, делата на Мунк се отстранети од музеите бидејќи се сметани за „дегенерирани“. Со нацистичката инвазија на Норвешка, работите се влошиле, бидејќи сите негови дела биле отстранети од музејот. Мунк не сакал да има никакви односи со нацистите.

11

Танц на животот

Здравјето на Мунк секогаш било кревко и, како што раскажувал самиот уметник, „кога се родив, побрзаа да ме крстат, бидејќи веруваа дека ќе умрам“. Творецот на големите дела, уметникот кој го одбележал 20. век, починал од пневмонија, во тишина и осаменост, на 23. јануари 1944. година, на 80-годишна возраст.

„Болеста, лудилото и смртта беа трите ангели кои престојуваа во мојата лулка и оттогаш ме следат цел живот“, запишал.

Испрати коментар

Scroll To Top