Едукативното видео „Реагирај за поубав град“ e изработeно во рамките на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Регирај!“.
Преку приказната на таксистката Тина и патникот Томо, видеото ги прикажува проблемите со кои се соочуваат градовите во Македонија – несоодветно урбанистичко планирање, неразвиена транспортна инфраструктура и јавен превоз, неефикасно управување со отпадот и немање урбано зеленило.