Во Задар неодамна е орворен обновен комплекс на поранешната црква и манастир Св. Никола, каде што сега е сместен едукативно – презентациски центар за подводна археологија кој ќе работи во склоп на Меѓународниот центар за подводна археологија на УНЕСКО во Задар (MCPA). Проектот за реновирање и доградба го потпишува задарски архитекти од бирото ФОРВМ.
Едукативно – презентацискиот центар Св. Никола на Меѓународниот центар за подводна археологија сместен е во поранешниот дел од манастирскиот комплекс Св. Никола, во северозападниот дел на историскиот центар на Задар. Локацијата е богата со бројни археолошки слоеви, а првите информации за изградбата на црквата Св. Никола потекнува од 11 век. Од тој период се зачувани видливи остатоци од камбанаријата, чија изградба датира од 12 век. Денешната црква Св. Никола започнала да се гради во 1760 година, а била десакрализирана во 1798 година, оттогаш служела како касарна и воена болница и архивски простор во поново време, по делумно конструктивно реновирање, бидејќи била значително оштетено во пожар.
Покрај црквата и камбанаријата, на парцелата се затечени урнатините на дел од манастирот околу апсидата, урнатините од еднокатните згради во источниот дел, помала еднокатна зграда на јужниот агол, која служела како гаража, и бетонски засолниште „бункер“ на југоисточниот дел од парцелата, приближно 6×20 метри.
Со реконструкција и реновирање на комплексот Св. Никола, на парцелата се формира комплексна градба, која се состои од неколку функционално поврзани објекти – целини:
А – целина поранешната црква со камбанарија и дел од манастирот, која содржи повеќенаменска сала, едукативни и презентациски простори, деловен простор и помошни простори.
Со реконструкција, обнова и доградба, постоечките делови (црковниот објект, камбанаријата, дел од манастирот и руинираните делови меѓу нив) се спојуваат во една поврзана и организирана целина, со што се овозможува нова организација на просторот. Повеќенаменската сала е простор за најразлични собири, концерти, краткорочни тематски изложби и сл. Таа е поврзана со административните и помошните простори преку реновираната патека околу апсидата. На галериите над страничните кораби има едукативен и презентациски простор до кој се пристапува со скали и лифт од повеќенаменската сала, а галериите меѓу себе се поврзани на исто ниво со нов метален премин, „мост“.
Камбанаријата е задржана во постоечките димензии, со промени на кровната конструкција и покривањето, како и реконструкција и реновирање на меѓукатните конструкции и отворите на камбанаријата. Наменета е за обиколка, како презентација на романска камбанарија, видиковец и сл.
В – зграда за прием – постоечката самостојна еднокатна зграда на јужниот агол на парцелата, се состои од една просторија со галерија.. Содржи рецепција на приземје и читална на галеријата.
С – изложбен павилјон – нова приземна зграда која се состои од една изложбена просторија со галерија, наменета за работилници поврзани со подводна археологија и поморска историја и повремени изложби, на некој начин е како замена за постојниот „бункер“ што се отстранува. Иако со габаритот и обликот е прилагодена на историското опкружувањ, со современата облога на фасадните и покривните површини со кортен, и големите застаклени ѕидови кои се раствораат кон дворот и градината, се добила комбинација од класична форма и современ материјал, како контрапункт на околните историски објекти.
D – зграда дормиториј – приземна самостојна зграда со едноводен кров на местото на поранешна зграда, планирана како нова зграда вградена помеѓу постоечките камени ѕидови, се состои од три просторни целини (соба со чајна кујна и бања) со посебни влезови од надворешната површина на парцелата, преку мали оградени надворешни атриуми пред секоја единица делумно покриена со пергола.
Е – подземна градба на машинската соба целосно во терен/главен двор, лоцирана во просторот на поранешниот резервоар за вода северозападно од зградата на доромиториумот, со пристап до вратата од просторот на денивелираниот североисточен дел на дворот.
На комплексот Св. Никола припаѓа и постојната полувградена управна зграда, која е поноваградба, на северниот раб на парцелата со влезот од долниот дел на дворот, која не епредмет на реконструкцијата.
Сите целини имаат влезови од дворот на комплексот, освен А и Б кои имаат дополнителни влезови од надворешната јавна површина.
Големо внимание е посветено на обликување на надворешните површини на парцелата. Помеѓу зградата на поранешната црква и новиот павилјон е формиран главен двор во кој може да се сместат голем број луѓе за собири и настани на отворено, како еден вид мал плоштад кој по големина одговара на соседниот плоштад.
Главниот двор на повисока кота е поврзан со надворешни камени скали со долниот двор и со малиот историски атриум северно од апсидата на црквата. Дворовите и атриумот се поплочени со камени плочи. На југоисточниот дел од парцелата, оформена е градина низ која поминува камена патека од споредниот влез на парцелата до павилјонот, а градината е опкружена со висок камен „манастирски“ ѕид. Поврзаноста помеѓу надворешниот простор на дворот и градината се постигнува преку големите застаклени ѕидови на павилјонот, кои можат целосно да се отворат, така што просторот на павилјонот станува надворешен покриен простор.