„Шумски бувови“ се асоцијација која промовира едуцирање во шума и надворешен амбиент. Bernd Riegger го дизајнирал овој сеопфатен едукативен објект со цел да се спроведат интензивни активности и вежбање во природа.
Внатрешноста на Waldsetzkasten е сочинета од затворена соба каде децата и возрасните ќе можат да се стоплат и да јадат. Пред оваа соба има дополнително покриено засолниште. Широкиот и голем прозорец кој го насочува погледот кон шумата, го поврзува заштитениот внатрешен простор со шумската авантура.
Главниот товар на структурата го носи цврстото дрво од смрека, кое е распоредено на сите страни околу внатрешноста, така што се создава еден ритам од штици. Во надворешноста се користи истиот систем на жлебење, со тоа што во кровната партија се додадени и битуменски ќерамиди.