Насловна / Архитектура / Едукативен Палео парк на брегот на Бале, Хрватска

Едукативен Палео парк на брегот на Бале, Хрватска

Во 1992 година во заливот Колона на брегот на Бале во Истра, Хрватска се појавиле коски од диносауруси. Се претпоставува дека во оваа област живееле десет видови диносауруси. Еден од нив е brachiosaurus, речиси најголемиот диносаурус кој постоел на земјата, чија тежина достигнувала и до 30 тони, а можел да достигне должина од 20 до 25 метри. Поради големото откритие, Бале е вклучен на Светската листа на палеонтолошки локалитети. Локалитетот Бале, колку што е познато, е единственото наоѓалиште во светот кое крие скаменети остатоци под морето, а се претпоставува дека некои се стари и по 200 милиони години.

1

Палео паркот во рамките на кампот Мон Перин е комбинација од тематски забавен воден парк и едукативно истражувачки полигон со цел да се доближи и популаризира овој археолошки локалитет на брегот на Бале.

2

Самиот комплекс се простира на повеќе од 16.000 квадратни метри, сместувајќи ги сите затворени содржини под зелени кровови, кои со флуидни линии максимално се вклопуваат во природната конфигурација на теренот. Водените содржини со својата форма кокетираат со стилизирана силуета на диносаурус, која станува видлива од едукативната патека на покривот.

3

Комплексот се состои од влезна рецепција, голем базен, детски базен, базен со топла бања, затворен угостителски објект, покриен бар на отворено, санитарни јазли, простор за сончање и продавница за сувенири. Покрај базените се поставени неколку скулптури од диносауруси во природна големина, во склоп на детскиот песок „археолошкиот локалитет“ се изложени коски од диносауруси, а со одење по кровотт може да се следи еволуцијата на рептилите на Земјата. При проектирањето се водело сметка да не се оштети постојната природна средина и да се зачува автохтоната вегетација.

5

Палео паркот станува туристички пример за искористување на зададена, импресивна приказна за комерцијални цели, но со доза на едукативен карактер претставена на забавен начин, проектирана од архитектите од проектантското биро НФО.

4

6

7

Испрати коментар

Scroll To Top