Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат научно-едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет. Настанот ќе се одржи во понеделник, 10 јуни, од 10 до 12 часот во Градскиот парк во Скопје (кај Школка).
На настанот ќе има отворената изложба на хербариуми, фаунариум и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија, а исто така ќе има и интерактивни активности и игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни.
Сите заинтересирани за учество може да се пријават ученици од шесто до осмо одделение, кои треба да бидат организирани во тимови (по пет ученици во еден тим). Пријавувањето е најдоцна до 8 јуни (сабота) на [email protected] или [email protected].
Бројот на учесници е ограничен на 50. За победниците ќе следи симболична награда, а останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.