Education City Stadium е извонредно место. Фрла светлина на позицијата на Катар како динамично средиште за учење на студенти и академици ширум арапскиот свет и пошироко. Неговата локација на периферијата на Доха е во рамки на неколку универзитетски кампуси во Qatar Foundation’s Education City, мошне жив центар на учење и знаење. Местото претставува комбинација на моќта на знењето и фудбалот.
Проектот на британското биро Pattern Design во соработка со шпанското Fenwick Iribarren Architects претставува современото обликуван стадионот кој беспрекорно се вклопува во традиционалната исламска архитектура. Однадвор триаголници создаваат сложени геометриски шари слични на дијаманти кои сјаат додека сонцето се движи по небото. Навечер, дигитално светлосно шоу ја осветлува фасадата – пружајќи им на навивачите извонредно изненадување. Поради ова стадионот го добил прекарот „Дијамант во пустина“.
Објектот има распоред специфичен за фудбалот, со трибини кои го опкружуваат теренот од сите страни, способни да примат 44.667 гледачи. Првиот ред на гледалиштето е подигнат, што овозможува подобар поглед. Седиштата на трибините се обоени во зелена и бела боја. Во два агли се поставени LED екрани. Местото, како и повеќето арени за Светското првенство во Катар, е опремено со систем за ладење.
Трибините се целосно покриен со кров, под кој се поставени рефлектори. Надвор, настрешницата се поврзува со фасадата и формира една целина, обложена со метални панели во облик на ромб.
Со 20 отсто од градежните материјали кои се идентификувани како зелени, стадионот е меѓу еколошки најодржливите стадиони во светот. Во мај 2019 година, арената доби GSAS оцена со пет ѕвезди.
Во септември 2020 година, стадионот беше домаќин на првиот официјален натпревар, одигран во катарската лига.
За време на ФИФА Светското првенство, на Education City Stadium ќе се одиграат шест натпревари од групната фаза, едно осминафинале и еден четвртфинален натпревар. По завршувањето на турнирот горното ниво на трибините ќе се демонтира, а арената ќе им служи на студентите од околните универзитети.