Три пати повисок од сите други
павилјони, сè уште незавршениот
кинески павилјон за “ЕКСПО 2010”
во Шангај, предизвика многу
реакции и остри критики, пред
сè поради пренагласената симболика
на дизајнот, кој е дело на познатиот
кинески архитект Хе Јингтанг.
Насловен е како “Круна на истокот”
и зафаќа површина од околу 45 000
м2. Неговата структура наликува
на скалеста пирамида превртена
наопаку која е обоена во црвена
боја што всушност го репрезентира
сензибилитетот и духот на кинеската
култура. Ја симболизира кинеската
архитектура, калиграфија, градинар-
ство и урбано планирање.
Покривот на павилјонот е направен
по примерот на традиционалните
градби од “доугонг”, односно дрвени
кинески традиционални елементи кои
се спојуваат со жлебови. Овој начин
на градење потекнува уште од пред
2000 години, всушност тоа е редење
на дрвени елементи во неколку слоеви
едно врз друго помеѓу столбовите и
гредите на специфичен начин. Инаку,
покривот со висина од 30 метри е
особено дисктиктивен, составен е
од шест слоја, каде се употребени
56 дрвени традиционални елементи.
Тој се завршува со традиционална
матрица -Судоку грид кој е употребен
и во Пекинг.
Посебен вид на кинеска калиграфија е
употребена за да се испишат имињата
на фасадата на сите кои учествуваат
на Експо Шангај 2010, а се групирани во
вертикала и хоризонтала.
Во склоп на кинескиот павилјон ќе бидат
организирани изложбени простории,
мултимедијални сали, ресторани… По
завршувањето на изложбата, тој ќе
биде претворен во Музеј на кинеската
историја и култура.
Сања ВЕЛИЧКОВСКА ,
дипл.инж. арх.