Оваа куќа во Перт, Австралија е проектирана со намера складно да се вклопи во малата парцела, користејќи комерцијални материјали на иновативен начин, така за да биде одржлива и функционална.
На парцела со површина од само 175 квадратни метри требало да се проектира куќа по стандарди кои важат во Перт и тоа на начин да биде достапна, а вооедно и одржлива.
House A е нов дом на директорката на архитектонската компанија Whispering Smith и нејзиниот партнер, желбата била да се креира дом во кој ќе можат да примат и до 30 гости на вечера и при тоа сите да се чувствуваат удобно.
Всушност, House A е првата од три планирани куќи на оваа женска архитектонска фирма. Куќата со површина на основата од 70 квадратни метри, складно е укомпонирана со постоечката состојба на парцелата на која се наоѓаат неколку дрвја и куќа од 1950. година.
Оспрување на соседството
Визуелно нежната бетонска куќа, со минималистички дизајн е во контраст со околните куќи кои се изградени од тула. Нејзината визија е со својата присутност да ја оспори потребата од предимензионирани и нискоквалитетни станбени објекти кои преовладуваат во овој дел од градот, пишува ArchDaily.
Со вклопување на волуменот на различни простори архитектонското биро Whispering Smith организирало куќа, така што различните содржини имаат приватност, а истовремено се и поврзани, без да се користат врати.
Фронталната градина е вовлечена во габаритот на куќата, создавајќи продолжен простор на дневната соба, а истовремено ја прави границата меѓу јавното и приватното и ги раздвојува содржините во внатрешноста.
Куќата ги чува соседите и птиците
House A има важна културолошка и еколошка улога во своето опкружување, бидејќи големо внимание е насочено кон зачувување на зеленилото и додатно зазеленување на оваа мала парцела, како животот би бил попријатен и за станарите, но и за созседите и за птиците.
Куќата содржи и подземни резервоари за дождовница, соларни панели и систем за рециклирање на отпадот.