На работ на планината Јатсугатаке во Нагано, Kidosaki Arhitects Studio проектира смирувачки минималистички дом со неверојатен поглед. Клиентите за кои е дизајниран овој дом, долго барале совршена локација, а главната цел била избор на локација со неверојатен поглед, но со едноставен дизајн. Архитектите тоа совршено го инкорпорирале во својот проект.
Употребата на дрвото, бетонот и мермерот поттикнува проток на енергија и дава совршена доза на елегантен минимализам. Дали ова вам ви се допаѓа?
Можеби вакви погледи можат да се сретнат и во нашата околина, на пример во Соње, на Скопска Црна Гора, Малешевијата, Преспа… Но дали имаме „храброст“ и мерак да ги прикажеме нашите убави домови во јавност?