Француското архитектонско студио Ciguë ја подигна оваа дрвена куќа од 88 квадратни метри на рурална локација во Saint Julien le Petit во Франција, користејќи тенки префабрикувани челични темели.
Во потрага по контраст со традиционалните камени фарми во областа, фирмата со седиште во Париз се потпира на лесни куќи изградени во Калифорнија во 1960-тите како дел од експериментот Case Study Houses за да создаде едноставна структура ненаметливо во својата околина.
“Оваа дрвена куќа внимателно ја избира својата земја, експозиција, висина и референци за да не потсети на архетипот на селска куќа“, изјавија од студиото за порталот Dezeen.
“Тоа е место каде што живеете безгрижно и неограничено, во директен контакт со пејзажот, опкружен со најпотребните работи“, додаваат париските архитекти.
Речиси квадратната централна форма на куќата, обложена со црни дрвени штици, се наоѓа на врвот на подигнатата дрвена палуба. Палубата го обвива јужниот раб на куќата за да создаде различни места за седење опкружени со црна дрвена балустрада.
Покривот има голема настрешница и е поддржан од тенки челични носачи. Под него има застаклен дел со целосна висина свртен кон југ, во кој се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната со драматичен поглед на пејзажот.
Две спални соби, бања и работен простор создаваат поприватен дел од куќата во форма на буквата L, со мали прозорци кои го вградуваат погледот кон север и исток.
Степенастата линија на кровот создава повеќе тавани пред куќата, додека спалните соби во задниот дел се простори со малку поинтимно чувство.
“Користејќи големи прозорски отвори, овој дом е преплавен со светлина и живее во ритамот на годишните времиња во согласност со неговите биоклиматски принципи“, се вели во студијата.
Во внатрешноста, ѕидовите и таваните имаат остра бела завршница. Едноставен мебел, прозорски рамки и опрема се направени од дрво од локалното подрачје.
Поголемиот дел од рамката и структурата се оставени изложени, со мрежа од црни дрвени летви што ја поддржуваат брановидната пластика што го формира кровот. Видливи се и зглобовите меѓу темелот и куќата.