Дизајнерското студио Asshoff & Brogard креирало дрвени закачалки во форма на капки вода за брендот Normann Copenhagen.
Силна визуелна експресија и одлична завршна обработка заедно прават мало уметничко дело на секој ѕид. Поставете една капка на ѕид или креирајте шаблон користејќи неколку Dropit закачалки.
Концентрирајќи се на функционалниот дизајн на производите, Johana Ashof и Hana Brogard го раководат дизајнерското студио Asshoff & Brogard во Стокхолм. Тие добиваат инспирација од многубројните слики и симболи од нивното секојдневие. Dropit симболизира допир како модерен, така и драматичен, а истовремено има едноставна и препознатлива форма.
Asshoff & Brogard објаснуваат: „ Dropit е закачалка која е многу повеќе од објект на кој се закачуваат капути. Работевме со техника на стругање дрво за да креираме извонредна завршна обработка, а структурата на дрвото и зрното му даваат на производот единствен карактер“.
Dropit е пример како и едноставен производ со едноставна функција може да има карактер, а достапен е во две големини се испорачува како пар во кутија во црна, бела и природна нијанса на дрво.