Овој стан се простира на само 47 квадратни метри внатрешен простор, има прекрасна тераса, а се наоѓа во Стокхолм, Шведска.
Со прекрасен поглед на градот, овој мал стан е живо уреден и има релаксирачки простор.
Полицата за книги во главната дневна соба го „краде“ вниманието со колекцијата шишиња на врвот од полицата.
Силно осветлени од сонцето, дневната соба и трпезаријата го отвораат целиот простор со атрактивната тераса, и продолжуваат со модерната кујна.
Сивата тула на дел од ѕидот ја затскрива бањата и директно го води сопственикот до спалната соба, каде што просторот е исполнет со удобен кревет.
Убавите детали создаваат интимен простор во контраст со пространата тераса, каде што владее едноставност и стаклена ограда, којашто придонесува за непрекинат поглед на градската околина.