Ако ја посетите Тоскана ќе имате можност да уживате не само во феноменалната природа, туку и во прекрасните градби. Лозја, куќи, луксузни летниковци …
Овој дел од Италија навистина не страда од недостаток на креативност, како во поглед на околината, така и во поглед на на дизајнот. И тоа речиси на секој чекор.
Во општината Radda, срцето на Chianti Classico, каде речиси секој дом има свое име, се издвојува селската куќа Casa Morelli, која за разлика од повеќето околни куќи има една (но вредна) ексклузива – се наоѓа на рид од каде има совршен поглед на целиот регион.
Оваа типична селска куќа во Тоскана е обновена и претворена во куќа за одмор, комбинира историски, рустичен амбиент со урбана елеганција.
Нејзиниот шармантен камен екстериер и модерен ентериер дело на бирото Holzrausch Planung од Минхен, опремен по мерка и специфичниот вкус на домаќинот, не може да остави никого рамнодушен. Пространа тераса, не помалку импресивен базен, големи прозорци и лизгачки стаклени врати – сето тоа совршено ја обединува внатрешноста на домот со отворениот простор.
Солободно може да се каже дека Casa Morelli е оптимизиран за релаксирање, пиење вино и набљудување на лозјата, маслиновите градини и шумите кои го опкружуваат имотот.
Некои делови од оваа куќа датираат од 16. век, додека отворениот дел и студиото се од понов датум. Подовите, бањите и кујната се изработени од темна grotto тула, која претставува совршен баланс на рустично и модерно, а целата „модерно-рурална“ атмосфера е надополнета со камин кој се протега од подот до таванот прекриен со стари греди од костен.
И покрај потемната палета на бои во внатрешноста на овој дом, природната светлина која се влева благодарение на оголемите стаклени површини, го одржува ентериерот прилично осветлен.