Во Натали, главниот град на бразилската држава Северен Рио Гранде или Rio Grande do Norte, на брегот на Атланскиот океан, расте едно неверојатно дрво.
Само едно стебло на индиски орев покрива површина од 8.500 метри квадратни, практично самото дрво претставува мини шума.
Ова стебло во 1994. година е запишано во Гинисовата книга на рекорди, како најголемо од својот вид, бидејќи е околу 70 пати поголемо од стандарното стебло на индиски орев, а неговите гранки достигнуваат и до 50 метри должина.
Неверојатната големина на ова стебло е резултат на генетска мутација, поради која гранките растат на страна, поради тежината се спуштаат на земја и тука, каде гранките ја допираат земјата – се создаваат нови корени. Со тек на време, гранките кои пуштаат корен, стануваат секундарни стебла, кои се всушност „клонови“ на изворното стебло. Дене е тешко да се разликува кое е изворното стебло.
Ова дрво воедно е и парк кој го одржуваат општинските служби, кои редовно ги сечат гранките кои го преоѓаат просторот предвиден за паркот.
Нема точни информации за тоа кој и кога го засадил ова дрво, а локалното население верува дека тоа бил рибарот Luis Inacio de Oliveira во 1888. година.
Овој џин годишно раѓа околу 60 илјади плодови.