Насловна / Вести / Едни од најопасните патишта на светот

Едни од најопасните патишта на светот

Секојдневното возење до работа може да биде стресно, враќањето од летовање позади волан исто така, некои сообраќајници ги заобиколуваат и највештите и најсталожените возачи…
Патот во департментот Вандеја на запад на Франција води до острвот Ноармутије кој е недалеку од копното. Она што оваа сообраќајница ја вбројува меѓу најопасните е фактот дека неретко се наоѓа под вода, дури и кога возачот ќе го види патот пред себе тој е толку лизгав од алги и други наслаги, па возењето по него претставува права лотарија.

1

До острвот Ноармутије тешко се доаѓа за време на плима…

До селото Пердикаки во месноста Етолија-Акарнанија на запад на Грција стигнува по пат на кој возачот ќе се „бори“ со јак ветер, нагли узгорници и падови, дупки, застои поради камиони, но и пешаци кои изненадно се појавуваат…

2

Во месноста Етолија-Акарнанија во Грција побарајте помош од професионални возачи

или одете со авион до посакуваната дестинација

Патиштата на Луксор не се за нови возачи. Односно ако се земе во предвид дека во некои делови може да се налета на милитантни единици, подобро е да останете во градот или на плажа.

3

Во Луксор останете на безбедни патишта – од хотел до плажа и обратно

Не дозволувајте да ве излаже убавината на природата во околина на сообраќајницата на националниот парк Тароко на Тајван. Возачите мораат да внимаваат на исклучително тесниот пат, преполн со исфрлени карпи, расклимани огради и мртви агли.

4

Националниот парк Тароко на Тајван плени со убавина, сепак патот е исклучително опасен

И Нов Зеланд може да се пофали со природа од која застанува здивот, но безбедноста на патот низ кањонот Скиперс, кој буквално и исклесан во природниот масив, не е баш за пофалба. Доколку патниците не ги исплашат камењата кои се тркалаат по стрмнините, неможноста за разминување со возилата кои им доаѓаат во пресрет сигурно ќе го направи тоа.

5

Рута низ кањонот Скиперс

Оние кои не можат да го избегнат автопатот на филипинскиот остров Лузон можат да очекуваат бројни неприлики – јаки дождови кои го носат асфалтот, густа магла од која не се гледа прст пред око…

6

Чести се несреќи на автопатот на островот Лузон

Планината Тјанмен во кинеската провинција Хунан е предизвик и за најспретните возачи. Возењето по патот кој непрекинато се качува се наоѓаат многу остри кривини.

7

Планината Тјанмен во кинеската провинција Хунан

Автопатот Еир на запад на Австралија нема нагли кривини, нити е долж бездна. Сепак прекарот Сокаче на смртта (Slaughter Alley) укажува на тоа дека возачите ги демнее опасност на секој километар од овој пат. Несреќите воглавном се случуваат поради монотонијата на трасата, поради што често возачите ги совладува сон.

8

Монотонијата на австралискиот автопат го прави многу опасен

Кина и Пакистан ги поврзува автопатот Каракорам, познат и како автопат на пријателството. Меѓутоа условите на патот се крајно непријателски кон возачите – густа магла, ненадејни снежни вијулици, поплавени коловози, напади на терористи…

9

Автопатот Каракорам

По патот низ планинскиот пролаз Зоџи-Ла во Индија немојте да одите доколку не морате. Суснежица, стока која шета слободно, мноштво од возила кои ќе ве заробат од сите страни, исклучително остри кривини, екстремни промени на узгорниците и падовите само се некои од причините за стрес на овој автопат.

10

Планинскиот пролаз Зоџи-Ла во Индија

Испрати коментар

Scroll To Top