Насловна / Архитектура / Еднакво различни – Московска област 4

Еднакво различни – Московска област 4

Проектанти: арх. Д. Лоренц, арх. Н. Сидорова, арх. К. Ходнев – Архитектонска група ДНК – Москва.                                                                                                                                                                                        Во претходните три прилози на тема Подмосковие, дадов различни прикази за начин на живеење во прекрасните предели на московската област. Денес, тоа ќе биде една симпатична заедница која многу ретко се случува, особено кај Русите.  176085176098

Два дома, за двајца браќа, на две парцели окружени со шума.

Се бара решение на релативно тесен простор да се реши скоро градска густина на објекти, со обезбедување на услови што ги има предимството на приградскиот живот. Исто така се бара и се нуди одговор – прозорците на основните животни простори да се свртени кон шума и покрај фасадите од домот на соседот. Секој да има сопствен, индивидуален живот но и заеднички простор во дворот – „столoваја“, каде се собираат членовите на двете братски фамилии, во летен период и природен амбиент на околната  шума. 176113176115176100

Сите фасади се подеднакво главни, изработени од сребрен и темносив камен – сланец. За разбивање на колоритот и карактерот на материјалите на фасадните ѕидови, балконите и терасите се обработени со топло светло дрво –  тонирани летви од сибирски ариш.176087176096176082176077

176094176095176097

Ентериерот, како контраст на фасадата, внатре е со светли тонови, а единствено разбивање е со темните камени ѕидни површини на централното јадро. Минималистички, стилски спокоен ентериер со употреба на природни материјали.

176088176104176089176109176110176108

Испрати коментар

Scroll To Top