Составот на следниот т.н Колегиум на комесари е проследен со Европскиот парламент, пред да биде ставен на гласање. Претседателката на Европската Комисија , Урсула фон дер Лајен, сака во својот втор мандат, една третина од 27-те членови ан извршното тело на ЕУ, биде најдиректно одговорна за климатска акција, енергетска транзиција, заштита на животната средина и слични задачи. Во групата доминираат припадниците наконзервативните и десничарски партии, а во зелениот сегмент распределбата е поурамнотежена. Единаесет од нив се жени, вклучувајќи ја и фон дер Лајен. Таа истакнала дека раката на претстојниот петогодишен мандат е базиран на „двојната транзиција“ – зелена и дигитална. Тереза Рибера Родригез би била извршен претседателка одговорна за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за политиката на конкурентност. Данскиот министер за развојна соработка и глобална климатска политика Дан Јергенсен е предложен за комесар за енергетика.