Насловна / Вести / Една поинаква перспектива на енергетската транзиција: Ветерните паркови во криза?

Една поинаква перспектива на енергетската транзиција: Ветерните паркови во криза?

Енергијата од ветерот би требало да стане најважниот извор на „зелена“ енергија, да ги замени фосилните горива, а со крајна цел намалување на цената на електричната енергија. Но, стручњаците предупредуваат дека постои голем јаз помеѓу целите и реалноста.

 

Електричната енергија добиена од ветерот е попотребна од било кога, но во исто време многу офшор постројки не се исплатливи. Ветерниот парк на компанијата Vatenfall во Северното море е веројатно еден од последните проекти од некое подобро време. Сега околностите се неповолни, а во оваа индустрија веќе е активиран алармот, пишува Spiegel. Vatenfall неодамна се откажал од изградбата на голема офшор ветерна електрана кај брегот на Велика Британија, а уште два соседни проекти се дискутабилни кога станува збор за одлука за инвестирање. И од други краишта стигнуваат лоши вести. Само 400 милиони евра се инвестирани во нови ветерни паркови во ЕУ во текот на 2023 година, додека во 2021 година биле инвестирани 16,6  милијарди евра. Во 2020 година, биле инвестирани дури 27,7 милијарди евра.

wind1

Има многу причини кои довеле до затишје во оваа индустрија. Имено, индустријата се бори со растечки трошоци за сировини и материјали, слаби синџири на снабдување и разорна конкуренција во цените, скапи камати на кредитите, недостаток на транспортни бродови и многу бирократија. Стручњаците укажуваат дека офшор ветерните електрани кои сеуште се во фаза на проектирање, тешко дека ќе бидат профитабилни. Компаниите гиганти во овој сектор, како Vestas и Siеmens Gamesa, прават загуби, некои се пријавуваат за помош од државите, а некои и затвораат свои фабрики.

wind2

Земјите членки на ЕУ и Велика Британија, сакаат до 2030 година да инсталираат 154GW во офшор ветерни електрани. Досега на мрежа се приклучени 30GW. Како ќе се обезбеди преостанатиот планиран капацитет е мистерија за многумина во оваа индустрија. Европските производители на турбини во моментот имаат капацитет од 7GW годишно. За да се остварат зацртаните цели, ќе мора да произведуваат по 11GW годишно. Но, како фабриките да ги прошират своите производни капацитети во услови кога голем дел од оваа индустрија трпи загуби? Но, доколку се побараат производсвени капацитети на други континенти, можна е реприза на погубните индустриски политики во соларната индустрија. Имено, пред околу една деценија, Европа, посебно Германија ја направи значајна фотонапонската технологија – а потоа ја загуби работата од кинеската конкуренција. Сега се внимава да не се повтори вакво нешто. Но развојот на Кина во овој сектор е импресивен. Кинезите веќе поставуваат нови стандарди не само во однос на цената туку и во поглед на технологијата. Многумина и не се толку критички настроени кон конкуренцијата од Азија. Тие сметаат дека Европа едноставно не може самостојно да ги достигне целите на енергетската транзиција, односно не по разумни цени.

wind3

 

Испрати коментар

Scroll To Top