Насловна / Вести / Една од најоштетените улици во Штип конечно е реконструирана

Една од најоштетените улици во Штип конечно е реконструирана

ПИРИНС-ПП12
Заврши асфалтирањето на крак одулица „Пиринска“ во Штип, во должина од околу 400 метри која се наоѓа во месноста „Дујле“:
– Ова беше можеби една од најоштетените улици во градот и конечно по повеќе од 35 години, конечно доби асфалт.Ова беше 30.тиот инфраструктурен проект за овие 6 месеци. Следи асфалтирање на помали улици во населбата Три Чешми, во план се и улиците во месноста Света Недела кои исто така со децении не добиле асфалт, а годината ќе се заврши со асфалтирање на улицата „Вардарска“ кој е еден од најголемите проекти – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.
ПИРИНС-ПП1
Асфалтирањето на улица „Пиринска“ го направи фирмата „Стојменов“ од Кочани, а цената е 735.000 денари.
Благодарение на аукцијата и транспаретната постапка постигната е значително пониска цена.ПИРИНС-ПП1234
Инаку до 15 ноември е отворен повик за проекти од урбаните заедници и граѓаните кои треба да се достават до градоначалникот кои би биле дел од активностите во 2016 година. Паралелно со ова, отпочнуват и активностите за утврдување на новиот буџет на локалната самоуправа за идната година.ПИРИНС-ПП123456789

Испрати коментар

Scroll To Top