Виенското градско енергетско претпријатие Wien Energie започна со изградба на една од најголемите топлински пумпи во Европа, покрај постројката за прочистување на урбаните отпадни води во 11-тиот градски округ Simmering. Изградбата на оваа модерна постројка е важен чекот на патот кон климатски неутрален систем за снабдување на топлинска енергија за греење.
Се очекува оваа топлинска пумпа да има инсталирана моќност од 55MW после завршувањето на првата фаза од изградбата во средината на 2023 година, и да започне со производство на доволно топлинска енергија за снабдување на околу 56 илјади домаќинства. До 2027 година, работите на оваа топлинска пумпа би требало во целост да бидат завршени, а тогаш ќе се овозможи посигнување на максималната моќност од 110MW и снабдување на 112.000 домаќинства. Благодарение на овој проект, емисијата на јаглерод диоксид во главниот град на Австрија би требало да се намали за 300.000 тони годишно.
Технологијата на топлиснката пумпа овозможува користење на нискотемпературната топлина од отпадната вода (околу 20°C ) и со помош на енергијата од компресори, нејзино подигање на повисоко температурно ниво (во случајов околу 90°C) погодно за користење за греење, односно нејизно дистрибуирање низ топлификациската мрежа на градот. Притоа за производство на потребната енергија на крајните корисници, се користи 2/3 енергија од отпадната вода, а 1/3 електрична енергија за работа на компресорите, која е „зелена енергија“. Имено, електричната енергија за оваа постројка ќе се обезбедува од хидроелектраната Freudenau на Дунав.