Насловна / Арт и дизајн / Една од најголемите јавни уметности достапна за сите граѓани на Лондон

Една од најголемите јавни уметности достапна за сите граѓани на Лондон

The Royal Academy of Arts, во партнерство со Art of London, им посакува добредојде на луѓето во главниот град на Велика Британија, претворајќи го Пикадили во изложбен простор на отворено.

3_resize

По мрачното и пусто заклучување, жителите на Лондон можеа да уживаат во летните месеци со поинакви бои. Имаа можност да видат многу уметност преку бесплатна изложба на отворено во срцето на Пикадили. Од разнобојни пешачки премин, до уметнички дела кои висат и неделни видео проекции, Пикадили оживеа со уметност и имагинација создадени од голем број уметници на Royal Academy.

7_resize

Art of London, нова иницијатива во сферата на културата за West End и Royal Academy, соработуваа во создавањето на една од најголемите јавни уметности достапна за сите граѓани, која некогаш му се случила на главниот град.

Vanessa Jackson RA создаде 13 уникатни пешачки премини, соодветно именувани UpTownDancing. Делата покануваат да се почувствува ритамот создаден од живописните бои додека се преминува улицата.

5_resize

Можат да се видат 30 висечки платна на Michael Armitage, Farshid Moussavi RA и Yinka Shonibare RA шетајќи по Пикадили, кои создаваат висечка галерија над глава.

4_resize

Делата на архитектицата Farshid Moussavi ја демонстрираат убавината на структурниот дизајн додека игра со нијанси на розови и жолти бои.

Yinka Shonibare комбинира геометриски форми со светли дизајни на батик, создавајќи смела верзија на скулптурата Piccadilly Eros, како стрела со рози кон минувачите .

6_resize

Режисерот Isaac Julien овозможи посебно доживување на проширена реалност со 10 екрани и синхронизација на звукот, вклучи „аудио синхронизација“, која им овозможи на посетителите да слушаат на своите мобилни уреди додека гледаат.

Оживувањето на Пикадли со јавна уметност започна на 21 јули, а ќе тре се до 6. септември 2021 година.

01_resize

Испрати коментар

Scroll To Top