Објектот наречен Carbon Positive House во Австралија, од архитектонското студио ArchiBlox, беше прогласен за една од десетте најдобри иновации во областа на самоодржливата архитектура за 2015 година. Поради многубројните енергетско ефикасни карактеристики кои ги поседува, се наоѓа во категорија со уште девет други проекти во трката за најдобар самоодржлив објект, а финалниот победник треба да се објави на 6 декември.
Објектот е целосно изработен од префабрикувани елементи со минимален трошок на енергија и штетно влијание врз околината. Со додавање на соларни панели, скадирање вода и поставување на двојно стакло, овој објект успева да произведе дури двојно повеќе енергија отколку што троши. Додавањето на зеленило во просторот придонесува за позитивно влијание во летни и зимски услови. Употребените префабрикувани елементи се лесни за монтажа, а за целосно нивно поставување потребно е помалку од пет недели.