На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, Европската Унија понуди една милијарда евра помош за подобрување на инфраструктурата во регионот.
Изнаоѓање нови механизми за поддршка на регионалните инфраструктурни проекти, беше темата на конференцијата одржана во Приштина, на која присуствуваа високи претставници од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово.
Проектите што треба да бидат финансирани со европски средства и да се реализираат до 2030 година, ќе бидат разгледани на состанокот на премиерите на шестте држави закажан за 21 април во Брисел.
Меѓу предвидените проекти се создавање на автопат кој ќе ги поврзе Косово и Србија, како и изградба на нова магистрала од Белград до јадранскиот брег во Албанија.
Конечната одлука ќе биде соопштена во август во Виена, каде ќе биде презентирана конкретната листа со инвестициските приоритети.