Насловна / Вести / Една милијарда евра до 2020 година за сообраќајната мрежа на Западен Балкан

Една милијарда евра до 2020 година за сообраќајната мрежа на Западен Балкан

Infrastruktura balkan hrvatska

Европската комисија е подготвена да обезбеди износ од една милијарда евра до 2020 година за финансирање на регионалната сообраќајна мрежа со коридори во земјите од Западен Балкан, истакнаа шефовите на германската и австриската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер и Себастијан Курц.

Тие, во заеднички авторски текст за белградскиот весник „Данас“, наведуваат дека тоа ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да бидат подобро поврзани меѓусебно, но и со ЕУ.

Двајцата дипломати во авторскиот текст по повод Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Виена, оценуваат дека и покрај суштинскиот напредок, стабилноста во овој регион и понатаму е на „стаклени нозе“ и многу зависи од Унијата.

Испрати коментар

Scroll To Top