Според анализата на Светскиот институт за ресурси, една четвртина од светската популација во моментот се соочува со „екстремно висок проблем со водата“, секоја година, а се очекува до 2050 година да бидат погодени уште милијарда луѓе. Извештајот открива дека 25 земји, кои претставуваат 25% од глобалната популација, доживуваат исклучително висок стрес по однос на водата секоја година, а Бахреин, Кипар, Кувајт, Либан и Оман, се петте најзагрозени. Дури и краткотрајна суша би можела да ги доведе овие места во опасност да останат без вода. Ситуацијата дополнително ја вложуваат климатските промени. Глобално, побарувачката за вода се зголемила повеќе од тројно во споредба со 1960 година, а извештајот предвидува дека претстои пораст од дополнителни 25% до 2050 година.
Се смета дека најголемата промена во побарувачката за вода ќе се случи во субсахарска Африка, во која се предвидува зголемување на побарувачката за вода од 163% до 2050 година. Климатските промени поттикнуваат се посериозни и долготрајни суши и топлински бранови, кои снабдувањето со вода го прават понесигурно. Недостатокот на вода исто така им отежнува на луѓето да ги преживеат овие екстреми.
Извештајот предлага различни мерки за спречување на прелевањето на оваа состојба во водна криза. Тоа вклучува мерки базирани на природата, како што се зачувување и обновување на мочуриштата и шумите, усвојување на поефикасни техники за бнаводнување во земјоделството, како и фокусирање на креаторите на политики кон извори на енергија кои не се базираат толку на водата. Местата како Лас Вегас и Сингапур покажале дека е можно да се управува и со многу скудни водни ресурси преку политики како третман на отпадни води и повторна употреба, и сл. Но, генерално изостанува поконкретна акција за имплементација на мерки за подобрување на состојбата.