Невообичаено ладното подрачје во Атлантскиот океан е забележано во 2015 година и веднаш стана предмет на интерес на климатолозите, кои оттогаш се обидуваат да откријат кои фактори водат кон оваа појава.
Океаните низ целата планета стануваат потопли поради емисијата на стакленички гасови, освен за една област во Северноатлантскиот океан што упорно му се спротивставува на трендот на глобалното затоплување и станува се постудено.
Експерти од Институтот за метеорологија Макс Планк во Германија применуваат долгорочен климатски модел за да симулираат разни претпоставки што би можеле да го објаснат овој пад на температурата, пишува Science Alert.
Претходните студии сугерираат дека еден од факторите кои влијаат на ладењето на тој дел од океанот може да биде слабеењето на северноатлантската меридијанска струја.
Кога е во полн ек, оваа струја носи топла и солена површинска вода од тропските предели во близина на Мексиканскиот Залив до европскиот брег, а потоа зема во ладна и свежа вода создадена од топење на мразот.
Научниците сè уште не знаат зошто оваа струја ослабна во 20 век. Некои претпоставуваат дека причината е поголема количина на стопен мраз од Гренланд, како и целокупниот пораст на температурата на океанот.
Проблемот е во тоа што податоците за северноатлантската меридијанска струја постара од 2004 година не се толку детални и специјализирани, што остава мала можност за последиците од глобалното затоплување, но на природен процес што не е засегнат од ефектот на стаклена градина.
За да се утврди врската помеѓу климата на Земјата и студената точка во Атлантскиот Океан, експертите од Институтот Макс Планк користеа детален планетарно-климатски модел за да ги поврзат варијациите во енергијата, јаглерод диоксидот и водата во океанот, на копно и во атмосферата.
Со помош на разни симулации, тие беа во можност да предвидат што ќе се случи ако оваа струја е силно нарушена. Забележаа дека со ладењето на дојдовните топли води ќе се создаде ниска облачност, што ќе предизвика уште поголемо ладење на површината.
Потоа, експертите тестираа уште едно сценарио во кое забележаа само пренесување на топла вода од оваа струја, без оглед на настаните во атмосферата. Откриле дека во тој случај, северноатлантската меридијанска повратна струја ќе пренесе помалку енергија и ќе донесе поголема количина на топлина во струите на Арктикот.
Овие субполарни струи потоа би ги забрзале и привлекле уште поголема топлина од северноатлантската струја, што би го направило ова, инаку ладно подрачје во Атлантскиот Океан, дури и постудено.