Насловна / Вести / Единствената земја во светот со негативен јаглероден отпечаток

Единствената земја во светот со негативен јаглероден отпечаток

Бутан, земја сместена помеѓу Индија и Кина, апсорбира три пати повеќе јаглерод диоксид отколку што генерира. Тајната на еколошкиот успех на земјата е во тоа што 72% од нејзината територија е прекриена со шума. Во 2015 година организирана е акција за садење на дрвја, во која бие посадаени 49,672 садници во рок од еден час, што е Гинисов рекорд. Исто така, 1005 од електричната енергија на Бутан се добива од хидроцентрали. „Особено е важнно да се вложуваат напори за постигнување на нашата крајна цел, а тоа е да складираме енергија од обновливите извори, и истата да ја користиме за сопствени потреби, но и за извоз. “ вели премиерот на Бутан. Веќе денес Бутан произведува толку енергија што дури 70% од вкупното производство го извезува во Индија.

Владата на Бутан одлучила да оди чекор понапред во борбата против климатските промени, односно сакаат да станат лидери и пример на остатокот од светот во областа на одржливиот развој. За да ги охрабрат граѓаните да користат еколошки возила, целосно го укинале данокот за електричните автомобили. Дополнително, земјата настојува до 2020 година, 100% од производството на храна биде органско. Според официјалните податоци веќе 80% од фармите во оваа земја се органски.

Зелените иницијативи се навлезени и во училишните програми, и на тој начин младите генерации стануваат свесни за важноста на одржливиот развој.

Bhutan2

Bhutan3

Испрати коментар

Scroll To Top