Уредот за џи-пи-ес следење е прикачен на последната и единствена бела жирафа во светот за да се спречат ловокрадците.
Кениските ренџери сега можат да ги следат движењата на мажјакот жирафа.
Својот единствен изглед тој го должи на генетската состојба позната како леукизам, поради која неговата кожа да ја изгубила пигментацијата.
Тој се смета за последен од својот вид, откако ловокрадците во март ги убиле неговата женка и седуммесечното младенче.
Ренџерите стравува дека мажјакот може да ја доживее истата судбина.
Нивните лешеви биле пронајдени во заштитената зона во североисточниот кениски округ Гариса, каде мажјакот во моментов живее сам.