Насловна / Вести / Единствена тропска ботаничка градина на списокот на светско наследство на УНЕСКО

Единствена тропска ботаничка градина на списокот на светско наследство на УНЕСКО

Идејата за Национална градина во Сингапур започнала во 1822 година кога Сер Стемфорд Рафлс, основачот на модерниот Сингапур и страствен љубител на природата, ја развил првата „Ботаничка и експериментална градина“ во Fort Canning.  Агрохортикултурното друштво ја основало градината на денешната локација, а дури во 1859 година ја извело во стилот на англиското пејзажно движење.

$5_tree_resize

Градината набрзо ѝ била предадена на Британската колонијална влада (во 1874 година) и плејада ботаничари се грижеле за неа и гледале како прераснала во важен Ботанички институт во следните децении. Денес, со Ботаничката градина Сингапур (малајски: Taman Botanik Singapura или Kebun Botani Singapura) управува Одборот за национални паркови, законски одбор на Владата на Сингапур.

Sundial_Garden_in_Singapore_Botanic_Gardens_resize

Во раните години, градината играла важна улога во поттикнувањето на земјоделскиот развој во Сингапур и регионот, преку собирање, одгледување, експериментирање и дистрибуција на потенцијално корисни растенија. Од 1928 година, градината го предводи одгледувањето на орхидеи и ја започнала својата програма за хибридизација на орхидеи, потпомогната со новите ин витро техники кои биле пионерски во нивните лаборатории. Денес, Сингапуршката ботаничка градина исто така игра клучна улога во програмата Гарден Сити на Сингапур, преку постојаното воведување растенија од градинарски и ботанички интерес.

33941483652_977de3a8a0_o_resize

Ова е единствената ботаничка градина во светот која е отворена за јавноста секој ден од пет часот наутро до полноќ, во текот на целата година и тоа бесплатно, со исклучок на Националниот музеј на орхидеи.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Денес љубителите на убавината и природата имаат на располагање стотици затскриени патеки меѓу вистинска тропска шума и уредени улички кои водат од езерце до езерце, своевидна „изложба на отворено“ – Ginger Garden и Palm Valley, Лебедово Езеро со своите грациозни жители.

Water-flowing_resize

Лебедовото Езеро има и дрвен белведер. Во средината на езерото е поставена камена скулптура на лебеди, која ги поздравува гостите. Декорацијата на паркот вклучува и бронзени скулптури: знаци на младост и забава, швајцарска фонтана, која потсетува на форма на топка направена од црвен гранит.

FlightofSwans-SingaporeBotanicGardens_resize

Прошетката може да се продолжи со посета на планината Бендстенд и да се посети Бонсаи градината. Винаријата во јапонски стил е позната по своите растенија и дрвја собрани од целиот свет, кои се мали копии на обични примероци. Знаењето за пустинската флора може да се прошири со шетање низ Градината со кактуси.

bonsai_resize

Меѓу другото, треба да се посети и Ginger Garden, на чија територија растат околу 250 видови од ова мирисливо и корисно растение. Градината со ѓумбир прикажува неколку стотици видови ѓумбир и други растенија од сродни семејства. Со прошетка зад водопад, романтично ноќно осветлување и базен украсен со огромни амазонски водени лилјани, оваа градина е мошне популарна меѓу посетителите.

Ginger Garden_resize

SBG CC Ginger Garden 2_resize

Во склоп на градината има и Шума за учење, проектирана така што се интегрира со дождовната шума на шест хектари како би се формирало проширено шумско живеалиште. Шумата за учење има мрежа од патеки кои им овозможуваат на посетителите да истражуваат живеалишта кои се движат од мочуриште до низинска прашума. Дождовната шума е најстара од градините и е една од само две дождовни шуми во голем град, другата ја има Рио де Жанеиро.

mzforest

Детската градина Јакоб Балас, наречена по сингапурскиот филантроп кој починал во 2004 година, е првата градина во Азија посветена на децата. Нејзината тема „Животот на Земјата зависи од растенијата“ има за цел да ги едуцира децата и да им ја всади љубовта кон природата. Градината е средина за учење на природата, каде што децата можат да навлезат подлабоко во екологијата на растенијата и во нашата околина преку откривање и искуствено учење.

јацоб_resize

Бисер на паркот и главна атракција на ингапуршката ботаничка градина е Националната градина на орхидеи. Сместена е на ридести три хектари, а орхидеите веќе долго време претставуваат симбол на државата и подлежат на заштита од Владата на Сингапур. Во централниот дел се наоѓа колекција од 1.000 видови и 2.000 хибриди орхидеи. Во самата градина има и други атракции, мали водопади, фонтани со забавна форма, салата Буркил, ВИП-градината на орхидеи и колонијален бунгалов од 1886 година, кој некогаш бил дом на управителот. Во него денес се изложени бројни хибриди именувани по славни личности кои ја посетиле градината. Орхидариумот е засолниште за ентузијастите за орхидеи со тропско опкружување.

Phalaenopsis_philippinensis_NationalOrchidGarden-Singapore_resize

National Orchid Garden, Singapore Botanic Gardens, Singapore 8/16

Со повеќе од 150-годишна историја, на 82 хектари, градината зазема единствено и значајно место во историјата на Сингапур и регионот. Преку ботаничката и хортикултурната работа која и денес се извршува, продолжува да игра важна улога како водечки Тропски ботанички институт и симпатично место за сите Сингапурци.

1200px-Singapore_Botanic_Gardens_Palm_Valley_resize

Градината е впишана како светско наследство на УНЕСКО на 4 јули 2015 година, таа е првата и единствена тропска ботаничка градина на списокот на светско наследство. Исто така е прва во Азија и трета ботаничка градина запишана во светот по Orto botanico di Padova и Кралската ботаничка градина, Kew.

Singapore_Botanic_Gardens_2012_2_483_resize

SaracaStream_resize

Singapore_Botanic_Gardens_waterfall_resize

singapore-botanic-gardens-public-195783181_resize

image_resize

SunGarden-SingaporeBotanicGardens-20070102_resize

Испрати коментар

Scroll To Top