Од 1. август годинава ќе почне пробно да се користи единствената картичка во автобусите на ЈСП Скопје, а од 1. јануари 2016 година и кај приватните превозници.
Ова денеска на прес-конференција го најавија министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на ЈСП Скопје Игор Јанушев.
На денешната прес-конференција беа промовирани проектите за автоматска локација на автобусите и за електронска наплата во јавниот превоз.