Од наредниот месец, автономните автобуси ќе започнат да возат во шкотскиот град Единбург. Транспортната компанија Stagecoach најави дека самовозечките автобуси ќе почнат да сообраќаат на рута од 22,5 km, од 15-ти мај. Вкупно пет автобуси на кат, ќе превезуваат околу 10.000 патници дневно. Возилата поседуваат сензори кои ќе им овозможуваат да се движат по однапред утврдени траси, со брзина до 80 km/h. Британската влада истакнува дека ова е прва јавна линија со големи автономни автобуси. Министерот за сообраќај на шкотската влада, Кевин Стјуарт, вели дека ова е „возбудлива пресвртница“ и „амбициозен проект“. Директорката на компанијата Stagecoach, Карла Стоктон – Џонс, изразила задоволство што на истокот на Шкотска стартува првата автономна автобуска флота, каде што е и седиштето на компанијата.