Оваа прекрасна пасивна куќа е изградена на бугарското приморје и е дело на архитектонското студио „Ignatov Architects“. Куќата е вкопана во земја од три страни, има зелен покрив и исклучително квалитетна изолација. Заштедите на енергија споредени со стандардно изолирана куќа се над 90%. Базенот што се наоѓа пред куќата ја рефлектира сончевата светлина, со што се овозможува дополнителна природна светлина во внатрешноста на објектот. Вграден е систем за собирање на дождовницата, како и систем за прочистување на отпадните води кои потоа се користат за наводнување. Системот за вентилација е надграден со ситем за рекуперација на топлината. Со цел намалување на влијанието врз животната средина, во текот на градбата се користени само локални материјали. Куќата е во целост завршена и е во функција од 2012 година.