Проектот за Културниот центар и Салата за свадби во Ејуп, Турција, е направен преку соработка со јавна институција и архитектонското студио на Емре Еролат архитектите, во релациски однос: клиент-архитект. За разлика од општествените згради добиени преку конкурси, клиентот во оваа релациска врска е задолжен подеднакво одговорно како и архитектот. Така, може да се каже дека објектот припаѓа на двете страни. Објектот е лоциран на северозападниот брег на Златниот Рог.
Периодот на индустријализацијата, особено по 1950 година, се рефлектираше на урбаната текстура сочинета од неформални населби, изградени од страна на луѓето што се преселиле во Истанбул за да работат во околните фабрики. Оваа урбана текстура се уште се одржува и денес, иако трпи извесни формални трансформации. Објектот се смета за еден вид на структурална пејзажна компонента која ги комбинира разликите во нивоата помеѓу пешачкиот дел и морето, преку пешачка рампа.
Програмските содржини на објектот како салата за свадби, конференциската сала, ресторанот и театарот се лоцирани во просторот помеѓу теренот и пешачката рампа и се изложени кон надворешноста колку што е можно потранспарентно. Тоа им овозможува на луѓето од соседството да слезат до морскиот брег, со користење на оваа структура-рампа, а притоа да имаат визуелен контакт со сите случувања во внатрешноста на центарот. Во таа смисла овој објект може да биде издвоен како сосем поразлична концепција од останатите културни центри во Турција. Културните центри иако ги има многу на број, имаат потешкотии во воспоставување врска со луѓето од улица и создавање на каква било атрактивност.
Повеќето од овие објекти нудат интровертни начини, додека некои понови покажуваат добра волја за надминување на овие проблеми и привлекување на внимание. Идејата на рампата што поврзува две различни нивоа и принципот на транспарентност се главни мотивациски сили во формирањето на објектот. Пропустливоста создадена од транспарентноста на материјалите им овозможува на луѓето да креираат визуелни поврзувања и релации во обостран правец со контекстот без разлика дали се надвор или внатре во објектот.