Во Босна и Херцеговина конечно започнува реализацијата на проектот „Јадранско – јонски автопат“, кој треба да ги поврзе земјите од регионот. Станува збор за идеја на Европската унија за дополнително сообраќајно поврзување на седум земји. Вкупната должина на сообраќајницата изнезува 1.100 километри, а предвидено е да минува низ Италија (почетна точка), Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција, каде што крајната дестинација е пристаништето Игуменица.
Уште во 2018 година, Европската унија во склоп на стратегијата за т.н Дунавски регион, ги претстави приоритетните задачи за унапредување на мобилноста и поврзувањето како во патниот, така и во железничкиот и воздушниот сообраќај, од што дури 14 земји би имале бенефит. Според планот, делот од овој автопат низ Босна и Херцеговина, треба да започне кај граничниот премин Бијача. За проектант на оваа делница, избрана е група понудувачи, која ја сочинуваат IGH d.o.o. Mostar, Institut IGH d.d. Zagreb и Integra d.o.o. Mostar.