Насловна / Вести / Еден отсто најбогатите емитуваат повеќе CO2 од најсиромашните 66 отсто

Еден отсто најбогатите емитуваат повеќе CO2 од најсиромашните 66 отсто

Најбогатиот дел од населението, околу еден отсто, одговорно е за штетните емисии на јаглерод повеќе од најсиромашните 66 отсто заедно, а последиците претставуваат опасност за најранливите заедници и глобалните напори за борба против климатската криза, се вели во извештајот на експерти, пренесува Гардијан.

ццц

Најсеопфатната студија за глобалната климатска нееднаквост што некогаш е направена, покажува дека елитна група од 77 милиони луѓе, вклучувајќи милијардери, милионери и оние кои трошат повеќе од 140.000 американски долари годишно, учествувале со 16 отсто од сите емисии на јаглерод диоксид во 2019 година, што е доволно да предизвика повеќе од милион дополнителни смртни случаи поврзани со топлината.

Во претходните пет години, Гардијан наведува дека работел со „Оксфам“, Институтот за животна средина од Стокхолм, како и со други експерти.

Извештајот на „Оксфам“ покажува дека, иако еден отсто најбогатите имаат тенденција да живеат климатизирани животи, нивните емисии – 5,9 милијарди тони CO2 во 2019 година – одговорни се за големи штети и страдања.

Испрати коментар

Scroll To Top