Насловна / Вести / Еден од најубавите мостови во светот – Хаџу во Иран

Еден од најубавите мостови во светот – Хаџу во Иран

Мостот Хаџу се наоѓа во провинцијата Исфахан, Иран. Во времето кога е изграден служел како мост на реката Зајанде, но и како брана, зграда и место за јавни собири. Тој е претставник на врвот на персиската архитектура за време на династијата Сафавид. Освен што е своевиден споменик на еден историски период, тој претставува и совршен спој на градба која е величествена, но и многу корисна.

2

Украсен е со уметнички плочки и фантастични слики. По повеќе од 350 години од изградбата, мостот се уште работи. Функционира како рекреативен центар насочен кон социјална интеракција и културна размена.

3

Мостот е изграден некаде помеѓу 1650. и 1667. година, за време на владеењето на шах Абас II од поменатата династија Сафавид. Мостот има 23 лакови и неговата вкупна должина е 105 метри, додека ширината на преминот е помеѓу 14. и 20. метри. Со оваа големина мостот е доволно моќен  да ја скроти реката, а ширината на преминот од 7,5 метри им овозможи на луѓето да се собираат на него.

4 9

Мостот Хаџу има две нивоа: горно и долно. Горното некогаш служело за коњи и кочии, додека долното бил потивко, наменето за прошетките на минувачите. И денес долниот дел од мостот е достапен за пешаците и минувачите и останува место каде што може да се застане, да се одмори и да се ужива во погледот на реката или зајдисонцето. Пешачкото ниво на мостот е засводен простор во внатрешноста на лаците што го прават микроклиматски, создава ладни климатски услови.

5 8

На западната страна има скалеста каскада за зголемена ефикасност при контрола од поплави, која води до водата, каде што луѓето обично се капеле и переле.

Поради отворите под сводовите над реката, се регулира протокот на водата. Кога ќе се затворат, нивото на водата се зголемува, што го олеснува наводнувањето на многуте градини покрај реката.

11

Внатрешноста на овој мост можеби е уште поубава од неговата величествена надворешност. Преполна е со слики и разни дела, оригинали од 17. век, кои и денес можат се ги видат. Во срцето на мостот се наоѓа осмоаголен павилјон, кој некогаш му служел на шахот Абас како место за одмор, каде тој со часови седел со своите слуги и уживал во глетката. Денес таму има неколку чајџилници и галерии, а единствениот остаток од кралската столица е каменото седиште.

7 6 10 1

Испрати коментар

Scroll To Top