Насловна / Архитектура / Еден од најубавите хотели во светот: скриеното богатство на Миконос

Еден од најубавите хотели во светот: скриеното богатство на Миконос

Откако беше награден како најдобар бутик хотел во светот, „Kenshō Boutique Hotel & Suites“ на Миконос е меѓу малубројните добитници на наградата што им се доделува на најдобрите луксузни хотели во светот – „World Luxury Hotel Awards“.

1

На гала настан во швајцарскиот град Санкт Мориц, Kenshō Boutique Hotel & Suites прогласен е за најдобар „Luxury Architecture Design Hotel“ во Јужна Европа, врз основа на 300.000 гласови од гости на луксузни хотели, кои се собрани во текот на годината.

2

Природен камен со старо дрво непречено се спојува со архитектурата на брегот на Егејското море, потсетувајќи на спомените на традицијата.

3

Хотелот со пет ѕвезди проектиран од бирото од Атина „СМН“, основано од архитектот Александрос Коловос е рајско место за одмор, кое низ минималистички и елегантен пристап комбинира традиција со природните богатства на островот. Kenshō ја илустрира моќта на минимализмот и вклучува елементи кои даваат боја, живот и динамика. Врамени со уникатната светлина на Кикладите, секој предмет сместен околу хотелот е уникатен, со автентични уметнички дела и дизајн.

34

31

За сите 25 луксузни соби и 10 апартмани, вниманието на деталите е заштитен знак на секој простор. Споделувајќи ја истата архитектонска филозофија, но со различен декоративен концепт, 35-те „уметнички простори“ ја раскажуваат својата приказна. Kenshō ги опфаќа сите сетила преку доживување на целосно будење од моментот на пристигнувањето.

19

Декориран со уникатни уметнички дела од светски познати дизајнери, хотелот создава уникатен амбиент, кој заедно со врвната услуга, на своите посетители им овозможува единствено искуство.

33

Музиката и оригиналните коктели со потписот на „Kenshō bar“ доаѓаат како завршница на незаборавните вечери под ѕвездите на најтоплото море на Медитеранот.

8

7

6

5

4

9

10

11

12

15

16

20

21

22

23

24

25

27

28

30

32

Испрати коментар

Scroll To Top