Запира користењето на јагленот во еден од најголемите системи за далечинско греење, Funen во Данска, и тоа во блиска иднина – до 2022 година. Со тоа ќе се намалат емисиите на јаглерод диоксид за дури 375.000 тони. На годишно ниво с еочекува намалување на вкупните емисии во земјата за 1%. Со овој потег, Данска ќе се приближи кон постигнувањето на јаглеродната неутралност, односно намалување на емисиите на стакленички гасови за 70% до 2030 година. Зелената транзиција на државите, бара напуштање на јагленот и другите фосилни горива. Од 2018 година, две третини од испорачаната топлинска енергија во системот за далечинско греење Funen, потекнуваат од согорување на отпад и дрвни остатоци, а во една третина остана да се користи јаглен.